САД-Светско првенство во фудбал: Полицијата ги претресувала Уругвајците како најголеми криминалци!

0
26

Пред натпреварот меѓу Уругвај и Саудиска Арабија, кој заврши без победник (1:1), фудбалерите на Уругвај доживеале непријатна ситуација.
Американската полиција ги извлекла од автобусот и ги построила покрај патот, додека детално ги претресувала нивните торби и лични работи.
Ова не е прв проблем за уругвајската репрезентација на турнирот, бидејќи претходно имале потешкотии и со навременото влегување во САД.
Снимките од инцидентот предизвикаа бројни реакции, а дел од јавноста смета дека односот кон јужноамериканската селекција бил несоодветен и понижувачки.