Македонија наскоро ќе го добие првиот Центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе работи на развој на голем јазичен модел на македонски јазик. Проектот беше најавен од министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Целта на „Везилка“ е дигитализација на македонскиот јазичен корпус и создавање домашен модел на вештачка интелигенција што ќе може да го користат институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Со тоа се очекува да се намали зависноста од странски алатки кои не го препознаваат доволно добро македонскиот јазик и културен контекст.
Носител на проектот е ФИНКИ, кој веќе воспоставил соработка со повеќе институции, меѓу кои МАНУ, Собранието, Службен весник и Националната и универзитетска библиотека.
Вредноста на проектот е 6,5 милиони евра, од кои 1,5 милиони се државни средства, 1 милион обезбедуваат факултетите, а останатите средства се поддршка од Европската Унија.
Според најавите, функционален македонски јазичен модел би требало да биде достапен до крајот на годинава или почетокот на следната година како решение со отворен код.
Извор Плусинфо.мк
Home МАКЕДОНИЈА Прв центар за вештачка интелигенција во Македонија. „Везилка“ ќе развие голем јазичен...


