Додека јавноста во регионот сè уште е потресена од трагедијата во која загинаа четворица чешки државјани, сè погласно се отвора прашањето дали судирот можел да биде избегнат.Според првичните информации што ги објавија хрватските медиуми, едрилицата во моментот на несреќата не била управувана од професионален капетан.Далматински портал пишува дека во моментот на сударот на едрилицата со бродот катамаран, едрилицата ја управал еден од повредените патници. Сепак, овие информации засега се неофицијални, пренесува Индекс.Двата брода се движеле во иста насока, кон Хвар. Едрилицата испловила од Трогир и била на мотор, додека брзиот патнички катамаран „Крило Еклипс“ испловил од Сплит. Предниот и десниот труп на катамаранот покажале видливи оштетувања од судирот.Според неофицијалните информации од Далматински портал, едрилицата наводно го променила курсот во последен момент. Во времето на несреќата, првиот офицер и кормиларот биле на мостот на катамаранот. Во моментот на судирот на едрилицата имало 8 чешки државјани. Четворица загинаа, а четворица беа спасени од морето и пренесени во болница.На катамаранот имало 118 патници и 7 членови на екипажот.


