“Не сме виновни“: Девет полицајци седнаа на обвинителна клупа за „Пулс“

0
19

Започна судењето на девет полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ниту еден од деветтемина обвинети од таканаречената втора група полицајци на судењето не призна вина за наводното овозможување на непречено работење на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани.
Според Обвинителството, тие со издавање позитивни согласности придонеле објектот да добие лиценца и покрај утврдени недостатоци поврзани со безбедноста, паркинг-просторот и јавниот ред и мир.
Трагичниот пожар во „Пулс“ на 16 март 2025 година однесе 63 животи, а повеќе од 230 лица беа повредени.