Необична кражба во Босна – Крадци украле набрани 150 килограми свежи малини

0
14

Полицијата во Братунац вчера изјави дека истражува невообичаен случај на кражба на набрани малини. Според зборовите на мештаните, ваква појава досега не била забележана на подрачјето на оваа општина.Како што е соопштено од Полициската управа Зворник, во Полициската станица Братунац биле пријавени два одвоени случаи на кражба на малини од малинарници. Непознат сторител или повеќе луѓе од два насади однеле околу 150 килограми свежо набрани малини.Полицијата веднаш започнала истрага за да ги идентификува и да ги пронајде одговорните лица. Малинарите истакнуваат дека ваквите случаи дополнително ја отежнуваат и онака мачната сезона на берба, особено во период кога родот е највреден и кога секој килограм внимателно се собира за откуп.