Мицкоски: Нова инвестиција од 20 милиони евра во ТИРЗ Тетово – 412 нови работни места и извоз од 45 милиони евра годишно

0
18

Премиерот Христијан Мицкоски денес ја објави новата странска инвестиција во ТИРЗ Тетово. Компанијата „Џаво Отмотив“, глобален производител за автомобилската индустрија, ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места.
Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови, а годишниот извоз на компанијата се очекува да достигне 45 милиони евра.
„Не ветуваме фабрики – отвораме фабрики. Не ветуваме работни места – создаваме работни места“, порача Мицкоски.