За само 150 динари преку ноќ стана милионер: Извлечена „петка“ од Лото 5 во Србија вредна 910.000 евра!

0
26

Огромна среќа му се насмевна на еден играч во Србија, откако во 47. коло од играта на среќа „Лото 5“ беше извлечена добивна комбинација вредна околу 910.000 евра.Според информациите објавени од Државната лотарија на Србија, добитната комбинација била уплатена во текот на денот на уплатно место СТКР „Моца“ во Лајковац. Среќниот добитник одиграл само една комбинација за „Лото 5“, како и еден Џокер број, а токму таа уплата му донела добивка која ќе му го промени животот.Особено внимание привлекува фактот што вкупниот износ на уплатата изнесувал само 150 динари. Со релативно мала сума, играчот успеал да ја погоди добитната комбинација и да освои награда од речиси еден милион евра.