Грција најави мерки за намалување на гужвата на границата со Македонија

0
21

Заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Константинос Гиулекас, истакна дека се разгледуваат привремени решенија за олеснување на преминувањето на границите
.Една од планираните мерки е поставување модуларни контролни пунктови на ГП Евзони, со што една лента би се проширила во две. Се најавуваат и активности на модернизација на инфраструктурата на преминот.Во однос на биометриската регистрација, нагласи дека европската регулатива овозможува привремено и делумно суспендирање на неговата примена во периоди на зголемен сообраќај, практика што, како што рече, веќе се применува.