Бебе оставено на клупа. Жената што го чувала го напуштила во парк

0
30

Осуммесечно бебе било пронајдено оставено на клупа во парк во скопската населба Шуто Оризари, по што било пренесено на лекарски преглед и е утврдено дека е во добра здравствена состојба.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен синоќа околу 19:30 часот од граѓанин кој го забележал бебето без надзор. По интервенцијата на полицијата и Итната медицинска помош, детето било згрижено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во разговор со полицијата, неколку лица појасниле дека жена на подрачјето на Центар ѝ го доверила бебето на чување на друга жена, но подоцна не се вратила по него. Потоа, жената што го чувала детето заминала во Шуто Оризари и го оставила во парк.
За случајот е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани лица.