Албанската влада дала гаранции во ЕУ дека ќе се почитуваат еколошките стандарди во проектот на Кушнер

0
28

Европската комисија доби гаранции од албанската влада дека ќе се спроведе целосна проценка на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските еколошки стандарди, изјави комесарката за проширување Марта Кос коментирајќи ги неодамнешните случувања околу проектот поврзан со Џаред Кушнер.Според Кос, овој проект, како и сите тековни проекти, мора да бидат во согласност со законската рамка и критериумите според Поглавје 27 за животна средина. Таа додаде дека ситуацијата ќе треба целосно да се разјасни пред да може да се затвори поглавјето, а неговото затворање моментално е планирано за крајот на 2027 година.