Црна Гора би можела до крајот на годинава да влезе во завршната фаза од пристапните преговори со Европската Унија, доколку продолжи со реформите и ја задржи поддршката од европските институции и земјите членки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос.Пораката доаѓа пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, каде што се одржува Меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Црна Гора, заедно со конференциите со Украина и Молдавија.Според Кос, денеска треба привремено да бидат затворени уште две преговарачки поглавја со Црна Гора, со што вкупниот број на затворени поглавја ќе достигне 16

