Ј.П. „Исар“: Прекин со водоснабдувањето во одредени делови поради аботи на SCADA системот

0
26

ЈП „Исар“ – Штип ги известува граѓаните дека поради изведување на градежно-технички активности и монтажа на фасонски елементи за SCADA системот, во понеделник (15.06.2026 год.), од 10:00 часот па сè до завршување на работите, ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во градот.

Без вода ќе бидат следните локации: Радански Пат, Дел од ул.„Сутјеска“, „Пиринска“, „Вардарска“, „Сремска“, „Солунска“, Блок 70, Блок 90, Блок 2000, „Христијан Карпош“, „Еврејска“, „Благој Мучето“ „Питу Гули“.

Ј.П. „Исар“ апелира до граѓаните за разбирање и препорачува навремено обезбедување на потребни залихи на вода.