Утринава спречен пожар во Таринци: Лице затекнато при палење сува трева

0
27

Благодарение на навремената реакција на граѓаните, утрово во село Таринци било спречено можно избувнување на пожар. Според информациите, мештани затекнале лице кое се обидувало да пали сува трева и веднаш го пријавиле случајот.
На терен интервенирала екипа на ТППЕ Штип, а лицето било пријавено во МВР за понатамошно постапување. Брзата реакција спречила огнот да се прошири и да предизвика поголема материјална штета.
Надлежните повторно апелираат до граѓаните да не палат сува трева и отпад на отворено, особено во период на високи температури и зголемен ризик од пожари.