Необична појава синоќа беше забележана во пристаништето во Солун, каде големи количини фитопланктон се насобраа долж крајбрежјето и создадоа несекојдневна глетка што го привлече вниманието на граѓаните и посетителите.Според локалните медиуми, фитопланктонот буквално се појавил на брегот, при што водата во делови од пристаништето добила необичен изглед, објави 4news.mk Освен визуелниот ефект, граѓаните се пожалиле и на силна непријатна миризба која се чувствува во поширокото подрачје.Феноменот не е забележан само во Солун, туку и во други крајбрежни области во Грција, што предизвика загриженост кај локалните рибари и жителите кои егзистираат од морето.Експертите посочуваат дека ваквите појави најчесто се поврзани со зголемено размножување на фитопланктонот под влијание на повисоките температури и специфичните морски услови. Вообичаено, феноменот не претставува директна опасност за луѓето, но може да има последици врз морскиот екосистем и рибниот фонд.Надлежните служби ја следат состојбата и се очекуваат дополнителни анализи за утврдување на причините за појавата и нејзиното евентуално влијание врз животната средина.


