Авион на израелската авиокомпанија „Исреир“, кој требаше да слета во Љубљана, беше пренасочен кон Загреб откако словенечките власти одбија да му дадат дозвола за слетување, објави компанијата во среда.Според „Исреир“, одлуката е донесена од политички причини, а менаџментот тврди дека ова ги крши меѓународните договори за воздухопловство и правилата на Европската унија. Компанијата додава дека израелското Министерство за надворешни работи и Управата за цивилно воздухопловство биле вклучени во решавањето на ситуацијата, но и покрај обидите, не била добиена дозвола за слетување во Љубљана, пишува „Џерусалем пост“.Како резултат на тоа, летот бил пренасочен кон Загреб, каде што безбедно слета.


