Албанскиот премиер Еди Рама испрати јасна порака. Луксузниот ресорт вреден 4 милијарди евра поврзан со Џаред Кушнер нема да биде запрен. Ниту протестите, ниту еколошките предупредувања, ниту притисокот на јавноста не го поместија ни чекор. Рама реши — и тоа е крај на дискусијата.
Зборовите беа директни. „Нема ниту една шанса да биде запрен додека сум јас тука” — изјави Рама на прес-конференција во Тирана. До него стоеше претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Премиерот тврди дека Албанија има итна потреба од висококласни туристички инвестиции. Земјата сака побогати посетители. Сака поголеми приходи. Туризмот стана столб на albanската економија.


