Полицијата забрани влез на 90 српски државјани во Црна Гора

0
33

Црногорската полиција денеска им забрани влез во земјата на 90 луѓе, кои со чартер-лет допатувале од Белград во Тиват, поради сомнеж за субверзивно дејствување пред Самитот на Европска Унија, што утре и в петок ќе се одржи во Тиват.Според црногорскиот весник „Вијести“ меѓу патниците во авионот имало регистрирани „лица од интерес за безбедноста“ и сите тие ќе бидат вратени од Тиват во Белград со првиот лет. Патниците не сакале да одговорат на прашањата на полицијата за тоа зошто дошле во Црна Гора.Весникот посочува и дека некои лица имаат криминално досие, а имале задача неформално да го обезбедуваат престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.