Нови апсења во аферата со лажните фармери во Грција уапсени 13 лица во Кожани и Агринио

0
37

Уште 13 лица завршија зад решетки во аферата што со месеци ја бранува Грција.Рано утрово грчката полиција започна голема операција во регионите околу Кожани и Агринио
. Цел на акцијата била мрежа осомничена дека преку лажни пријави и фиктивни барања незаконски присвоила повеќе од 2,5 милиони евра европски земјоделски субвенции.Меѓу уапсените има управител и вработен во Центар за прием на барања за субвенции. Истрагата опфаќа вкупно 39 лица.Според грчката полиција, случајот се истражува како измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија и давање лажни изјави.