Колариќ (АХВ) : „Резултатите од испитувањата на месните производи се уште повознемирувачки“

0
21

Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во вчерашното гостување во емисијата „Директно“ на Телевизија Телма појасни дека во месец март, по наредба на директорот на Агенцијата, биле спроведени засилени контроли на пазарот во Скопје. Фокусот на инспекциите бил на квалитетот и точноста на производите, односно дали составот внатре во пакувањето одговара на она што е наведено на декларацијата.Во рамки на овој контролен циклус биле земени вкупно 91 мостра од малопродажните објекти во Скопје: 45 мостри од млечни производи и млеко, и 46 мостри од месни производи, односно сувомеснати производи.„Во анализата на млечните производи, беше утврдено присуство на растителни масти. Ова е строго забрането кај производи како млеко, сирење, кашкавал, павлака и путер, бидејќи нивниот состав мора да биде јасно дефиниран и гарантиран,“ изјави Колариќ за Телма.Таа додаде дека резултатите од испитувањата на месните производи се уште повознемирувачки, затоа што разликите од пропишаниот квалитет се значително поголеми во споредба со млечните производи.Во однос на тоа зошто досега не биле откриени имињата на производителите и операторите кои ги манипулирале граѓаните, Колариќ посочи дека се чека на комплетирање на сите лабораториски наоди за да се обезбеди целосна и прецизна анализа.„Поради јавниот притисок, штом сите податоци бидат обработени, имињата на сите производители и оператори кои ги прекршиле законите ќе бидат објавени. Потрошувачот секогаш има право да знае кога некој ја нарушува неговата доверба со лажни декларации,“ нагласи Колариќ.