Осветен камен-темелник за новиот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во населбата Суитлак во Штип

0
33

Во присуство на бројни верници и гости, на 30 мај 2026 година, кога Светата православна црква ги чествува светиот апостол Андроник, света Јунија и светиот маченик Солохон, беше извршен свечен освет на камен-темелникот за изградба на нов храм посветен на „Св. великомаченик Пантелејмон“ во населбата Суитлак во Штип.
Чинот на осветувањето го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Новиот храм ќе биде ктиторско дело на штипјанецот Сашо Хиљадников и неговото семејство, кои со својата дарежливост и посветеност ќе придонесат за духовното збогатување на овој дел од градот.

Со изградбата на црквата „Св. вмч. Пантелејмон“, верниците од населбата Суитлак ќе добијат ново духовно средиште за молитва, богослужби и црковен живот.