Голема полициска акција во Србија: Уапсени 26 лица поради корупција

0
35

Во голема акција против корупцијата и финансискиот криминал, српската полиција утрово уапсила 26 лица на територијата на цела Србија, пренесуваат српските медиуми.Акцијата ја спровеле припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, по налози на Вишите јавни обвинителства во Ниш, Краљево и Нови Сад, односно специјалните одделенија за сузбивање корупција.Според информациите, уапсените се осомничени за повеќе кривични дела што се гонат по службена должност, меѓу кои перење пари, даночна измама поврзана со ДДВ, злоупотреба на службена положба, злоупотреба на положба на одговорно лице, измама во вршење стопанска дејност, проневера, прикривање и фалсификување исправи.