Албанија и Европската Унија денеска во Брисел ќе ја одржат 8-та Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување.
Според агендата објавена од ЕУ, Конференција ќе се одржи на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, под претседателство на заменик-министерката за европски прашања на Кипар, Марилена Рауна.
Албанската делегација ќе ја предводи премиерот Еди Рама, додека на Европската Унија ќе ја предводи Рауна, со учество на комесарката за проширување Марта Кос.
-Конференцијата се очекува да започне околу 19:00 часот навечер во Брисел, а по нејзиното завршување ќе се одржи прес-конференција.


