Претседателот Александар Вучиќ најави поднесување оставка

0
43

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека нема да го скрати својот мандат, туку ќе поднесе оставка од функцијата претседател, бидејќи тоа го вели Уставот
.„Јас не сум некој што сака да седи во фотелја како некои други и не го скратувам својот мандат. Јас сум чесен човек, ќе поднесам оставка бидејќи тоа го вели Уставот. А потоа ќе одиме, ќе видиме дали ќе одиме на парламентарни избори, а за 90 дена на претседателски избори. Нема голема филозофија“, изјави Вучиќ за медиумите во обраќање од Кина.Тој додаде дека понатамошните услови се познати, објаснувајќи дека изборите мора да се одржат во рок од 90 дена, а функцијата и овластувањата на претседателот ги презема претседателот на Народното собрание.