На Крит уапсени 20 лица за милионска измама со земјоделски фондови на ЕУ

0
35

На островот Крит уапсени се 20 лица осомничени дека биле дел од криминална организација која вршела измами со европски земјоделски субвенции, при што штетата надминува три милиони евра.Од Грчка полиција информираа дека од рано утрово е во тек голема акција за разбивање на групата, чии членови се осомничени за измама на штета на финансиските интереси на Европска Унија и за поднесување лажни изјави.Меѓу уапсените има двајца сметководители и тројца одговорни лица во Центрите за поднесување пријави.Весникот Катимерини, објави дека во случајот можеби се вмешани околу 90 лица и дека криминалната мрежа најверојатно дејствувала од 2019 година.