Утре во 16:30 во Штип, екипата на Брегалница против Победа го заверува првото место и влезот во Првата фудбалска лига на Македонија. Речиси извесниот исход против отпишаната Победа е големо враќање на Брегалница во елитното фудбалско натпреварување во Македонија поради што во просториите на клубот беше одржана прес конференција. Долгата серија на натпревари не беше лесна.


