Денес започнува гласањето за државјаните на Косово кои претходно се регистрирале да гласаат по пошта на изборите на 7 јуни.Се очекува околу 105.000 гласачи да го остварат своето право на глас по пошта на овие избори.
Портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК), Валмир Елеци, од Центарот за броење и резултати, каде што изборната служба на оваа институција ги подготвувала последните пакети со гласачки ливчиња што ќе бидат испратени до регистрираните гласачи, соопштил дека до средата ЦИК подготвила 75.000 индивидуални пакети, кои се очекува да бидат дистрибуирани од 21 мај (денес), додека околу 30.000 други биле испратени во четврток. Гласањето по пошта ќе заврши на 6 јуни


