Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција, најавува политичко враќање. Според објави на медиумот „Прототема“, тој на 26 мај ќе ја претстави својата нова политичка партијасо што формално се враќа во активната политичка арена.Во грчките медиуми се наведува дека Ципрас во последните денови засилено комуницира преку кратки видео-пораки, во кои негови поддржувачи отворено повикуваат на негово враќање. Најавата за нова партија веќе предизвикува турбуленции во грчкиот опозициски блок. како што пренесуваат локалните медиуми, ваквиот потег може да ги наруши односите и да ја прераспредели политичката тежина меѓу традиционалните опозициски сили, особено во редовите на ПАСОК и СИРИЗА.


