Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада

0
31

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ веќе седум месеци одбива да го одобри назначувањето на следниот амбасадор на Израел во Хрватска поради „политиката на израелската Влада и премиерот Бенјамин Нетанјаху“, објави денес израелскиот весник Једиот ахронот.Весникот наведува дека Израел го назначил Нисан Амдур за амбасадор во Хрватска во ноември 2025 година и формално побарал дипломатско одобрување од хрватското Претседателство, „во согласност со стандардните дипломатски процедури“.Сепак, Милановиќ одбил да го одобри назначувањето, со што процесот е во застој веќе седум месеци.Според објавеното, ова е првпат во историјата на Хрватска еден претседател да го сопре одобрувањето за назначување на амбасадор.