Вакцина против крлежно-пренослив менингоенцефалитис: Кому особено му се препорачува?

0
74

Крлежно-преносливиот менингоенцефалитис (КМЕ) е вирусно заболување на централниот нервен систем што го пренесуваат крлежи и може да предизвика сериозни последици по здравјето. Најчесто се пренесува при престој во природа – шуми, ливади и подрачја со ниска вегетација.
За разлика од Лајмската болест, која е бактериска и се лекува со антибиотици, за КМЕ нема специфичен лек, па затоа превенцијата и вакцинацијата се многу важни.
Вакцината содржи инактивиран вирус и му помага на организмот да создаде заштитни антитела. Се прима во три дози, а потоа се препорачува ревакцинација на неколку години.
Особено се препорачува за:
шумари
ловци
планинари
кампери
земјоделци
ветеринари
војници
лица кои често престојуваат во природа
деца кои посетуваат кампови и активности на отворено