ИМА ЛИ СМИСЛА: Сосед од кошмарите на ул. „Анте Банина“ во Штип. Стакло, коски, бричови и ѓубре фрла во заедничкиот дворен простор и ја нарушува безбедноста

0
97

Граѓанската некултура достигна неверојатно ниво. Животот во зграда и така е комплексен, но во комплексот згради на ул. „Анте Банина“ во Штип веќе премина и во опасност по живот. Несовесни станари фрлаат опасен вид на отпад , стаклени тегли кои се кршат, отпушоци на цигари, коски, препарати за лична хигиена и остатоци од храна. Сето ова е ризик за безбедноста и здравјето на сите станари од целата вертикала, но најголем проблем имаат станарите од првиот кат, во чиј двор се собира целото ѓубре и каде ризикот е најголем. Станарите до ТВ Стар пријавија дека пред се, се плашат за безбедноста на своето дете но и за безбедноста на сите. Случајот е веќе пријавен во полицијата а на прашањето Има ли смисла, одговорот е очигледен…