Уапсен е началникот на полицијата во Белград

0
55

Во продолжение на кампањата за расветлување на околностите под кои исчезна Александар Нешовиќ на 12 мај 2026 година, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за борба против организираниот криминал на МУП на Србија го лишија од слобода началникот на Полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.– На Веселин Милиќ му е одредена мерка притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела Непријавување на кривичното дело и сторителот и Помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, во кој рок ќе биде приведен на сослушување пред вршителот на должноста јавен обвинител – се наведува во соопштението.