Нови деца пријавиле злоупотреба од вчера за педофилија притворениот професор по математика во Штип. Откако судот му одреди 30 дневен притовор на 65 годишниот професор по математика и случајот стана јавен, нови деца пријавиле сексуално вознемирување во истиот образовен центар и од истиот професор.
Родители ја потврдија информацијата за Тв Стар и откриваат дека подолг период професорот А.Ш кон нив се однесувал неморално.Искуство на различен начин имаат сите, но наставата се одвивала во за нив крајно вознемирувачки услови.
Родителите на овие деца апелираат до останатите родители да разговараат со своите деца кои биле дел од наставната програма на истиот образовен центар за евентуално да се утврди нова одговорност и нови можни случаи на злоупотреба.


