Заловен волк во Скопје: незаконски чуван како домашно милениче со ремче и ланец

0
39

Во скопската населба Козле бил заловен волк кој, според информациите, незаконски бил чуван како домашно милениче. Животното било пронајдено со ремче и ланец, по што биле известени надлежните институции.
За случајот информираше Орце Ѓорѓиевски, кој оцени дека станува збор за сериозна неодговорност и опасност за граѓаните.
„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани“, напиша Ѓорѓиевски.
Волкот во моментов е згрижен од службите на Скопска зоолошка градина, а се очекува институциите да го расчистат случајот и да преземат мерки против одговорните.