Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION освои значајно европско признание на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, што се одржа во Будимпешта, Унгарија.
Компанијата победи во категоријата на јавно гласање со проектот за фасадата на храмот „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кој беше избран за еден од највпечатливите архитектонски проекти во Европа.
Ова е четврто учество на PMG CONSTRUCTION на овој реномиран европски натпревар. Компанијата и претходно бележеше успеси, со победа на јавното гласање во Валенсија во 2022 година и признание во Љубљана во 2024 година, кога беше и финалист според изборот на стручното жири.
Baumit Life Challenge важи за еден од најпрестижните европски натпревари за фасадна архитектура и дизајн, на кој учествуваат стотици проекти од повеќе европски држави.
Од PMG CONSTRUCTION велат дека наградата претставува потврда за нивната посветеност, квалитет и визија, но и големо признание за македонската архитектура и градежна индустрија на европската сцена


