Грција е потресена од трагедијата во Илиуполи, каде две 17-годишни девојки скокнале од покрив на шесткатна зграда. Едната починала на местото, додека другата е во критична состојба.
Според истрагата, девојките претходно испиле алкохол, оставиле проштални писма, ставиле слушалки со музика и се фатиле за раце пред да скокнат. Во пораките пишувале за депресија и страв од неуспех на државните испити.
Полицијата го истражува случајот, а лекарите се борат за животот на преживеаната девојка.


