АЕК избра нов директор

0
59

Електроинженерот Нусрет Халити од Тетово е избран за нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), една од главните регулаторни институции во државата. Тој ќе го наследи досегашниот прв човек на АЕК, Јетон Акику.
Халити е магистер по интегрирани микрокомпјутерски системи и дипломиран електроника и телекомуникации од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe.
АЕК има важна улога во регулирањето на телекомуникацискиот пазар, надгледувањето на операторите, обезбедувањето фер конкуренција и заштитата на интересите на граѓаните и компаниите.
Назначувањето на Халити доаѓа во време кога се очекува агенцијата да продолжи да ја зголемува ефикасноста во секторот за електронски комуникации во земјата, објави Фактор.мк