Тешка несреќа помеѓу автобус и камион кипер на автопатот Хемус одзеде еден човечки живот. Во инцидентот, кој се случил во правец на Софија во близина
на голем малопродажен синџир, повредени се 16 лица, меѓу кои и едно 3-годишно дете. Жртвата е 73-годишен маж.
Повредените се однесени во четири болници во Софија Малото дете и неговата мајка биле транспортирани во Пирогов од каде изјавија дека по прегледите, лекарите одлучиле дека само една жена – 23-годишна – треба да остане во медицинската установа. Другите се пуштени на домашно лекување. 69-годишна жена, примена во Универзитетската болница „Света Ана“, е на интензивна нега и во животна опасност.


