Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги

0
37

Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици.Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат околу 300 луѓе. Услугата на компанијата е дизајнирана да биде целосно самоуправувачка, но на почетокот ќе има „човечки оператор“ во возилото – во случај ако е потребна интервенција. Иако слични услуги се достапни во Кина и САД со години, според западните медиуми, неколку компании сè уште се натпреваруваат за воведување самоуправувачки такси-возила на европските патишта.Дури 90 отсто од патниците ѝ дале на услугата висока оценка со четири или пет ѕвездички, а на десетици илјади поминати километри, сè уште нема пријавени несреќи, се наведува.И покрај честопати хаотичниот сообраќај и сложените раскрсници во Хрватска, раководителот на операциите на „Верне“ во земјата, Филип Циндриќ вели дека повеќето патувања одат без никаква интервенција.