Глутница од 5 улични кучиња нападна дете во скопски Карпош 4 близу училиштето „Петар Поп Арсов“

0
37

Вистински хорор се одвиваше низ улиците на скопската населба Карпош 4, каде едно невино детско излегување се претвори во крвава борба за спас. Глутница од дури пет улични кучиња немилосрдно нападна дете во непосредна близина на основното училиште „Петар Поп Арсов“, оставајќи го со болни рани и трајна психолошка траума.

Овој застрашувачки инцидент повторно го вклучува црвениот аларм за безбедноста на најмладите кои секојдневно се мета на агресивни животни низ скопските населби. Додека институциите префрлаат надлежности, улиците стануваат небезбедна зона каде уличните глутници го диктираат редот.

Среќа во несреќата е што последиците не се фатални, но лузните од овој брутален напад ќе останат засекогаш врежани кај семејството кое преживеало вистински пекол.

Превземено: Навалица