Албанија: Молотови коктели и водени топови – 3 лица уапсени по судир помеѓу демонстранти и полицијата во Тирана

0
35

Три лица уапсени на осмиот протест на Демократската партија на Албанија и Обединетата опозиција по насилни демонстрации пред платото на Владата во Тирана. Масовниот протест беше одбележан со повеќе насилни инциденти, а во еден случај полицијата беше приморана да реагира со водени топови откако демонстрантите фрлале камења, огномети и молотови коктели кон нив. Полициските сили на крај успеаја да ја расчистат толпата и да го прекинат планираниот марш на демонстрантите кои бараат итно заминување на премиерот Еди Рама и распишување на нови избори.