Необичната сцена ги изненади, но и ги потресе возачите и граѓаните кои се движеа по главниот пат низ општина Прибој.
На свртувањето кон Болницата, од засега непознати причини, на коловозот е пронајден ковчег со починато лице.
– Се претпоставува дека ковчегот испаднал од возилото во кое се превезувал починатиот. Еден од возачите кој се нашол таму во тој момент веднаш ги известил надлежните органи, по што работниците реагирале. Ковчегот набрзо бил отстранет од главниот пат, а телото на починатиот било вратено на семејството – раскажува еден од граѓаните за РИНА.
Засега нема официјални информации за околностите под кои се случил овој инцидент.


