Нема надворешно видливи траги на насилство на телото на починатата турска студентка во Штип.
Точните причини за смртта ќе ги покаже обудкцискиот наод, но насилство во случајот нема. Познато е дека таа самата се заклучила одвнатре, поради што увидната екипа мораше да влезе преку прозорец.
Инаку телото на 20 годишната У.Е беше пронајдено вчера во стан на улицата Власил Главинов.
У.Е студирала на медицинскиот факултет- прва година на УГД Штип.
Во врска со случајот вчера се огласи и СВР Штип:
“ На 07 мај 2026 во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција. Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.”, соопштија од СВР Штип.


