Жена украде кутија со донации за дете пред очите на вработените

0
43

На социјалните мрежи се споделува видео-снимка на која се гледа жена како зема кутија со донации за дете, поставена на каса во маркет, по што мирно го напушта објектот.
Според снимката од безбедносните камери, инцидентот се случил на 7 мај 2026 година. Засега нема официјални информации во кој маркет се случила кражбата, ниту дали случајот е пријавен во полиција и дали сторителката е идентификувана.
Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а граѓаните го осудија чинот, особено поради тоа што станува збор за донации наменети за дете.