Во текот на април 2026 година, Државниот пазарен инспекторат спроведе засилени контроли на територија на целата држава, при што биле реализирани вкупно 2.525 инспекциски надзори.
Според објавените податоци, издадени се 672 прекршочни налози, а вредноста на изречените прекршочни платни налози надминува 16 милиони денари.
Најголем број контроли биле спроведени во областа на трговијата – 840, потоа во делот на финансиската дисциплина – 555, како и во угостителството – 266 надзори.
Покрај казнените мерки, инспекторатот изрекол и 194 опомени, по што ќе следуваат дополнителни контролни надзори.
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека инспекциските проверки продолжуваат и во наредниот период, како по редовен план, така и по пријави од граѓани и институции.


