Бугарија доби влада на Радев: стабилност со апсолутно мнозинство

0
37

Бугарија денеска, 8. мај 2026. година, доби нова редовна влада предводена од Румен Радев, поранешен претседател на државата и лидер на „Прогресивна Бугарија“. Народното собрание го избра кабинетот со 122 гласа „за“, 70 „против“ и 36 воздржани, со што земјата формално влегува во нов политички циклус по години изборна нестабилност, краткотрајни влади и исцрпувачки парламентарни блокади.Радев доаѓа на премиерската функција со ретко силна парламентарна позиција. Неговата „Прогресивна Бугарија“ на изборите од 19 април освои 44,6 проценти од гласовите и мнозинство во 240-члениот парламент, што според Reuters му отвора пат кон прва еднопартиска влада во Бугарија по ре чиси три децении.