На 7 мај 2026 година, на денот кога се чествуваат светиот маченик Сава Стратилат, преподобна Елисавета и преподобен Тома Јуродив, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, изврши осветување на камен-темелник за изградба на нова камбанарија при храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во населбата Ново Село во Штип.
Информацијата и фотографиите од настанот беа објавени од Брегалничката епархија, од каде упатија порака: „Нека е честито и од Бога благословено!“
Со изградбата на новата камбанарија ќе се збогати духовниот и архитектонскиот изглед на храмот, кој претставува значајно верско место за верниците од овој крај.
Home МАКЕДОНИЈА Брегалничката епархија: Осветен камен-темелник за нова камбанарија во Ново Село – Штип


