Хрватска нема да го укине EES системот на границите

0
54

Хрватските власти се осврнаа на шпекулациите за евентуално укинување на EES системот на границите за време на летната сезона и истакнаа дека ниту една држава не побарала негово укинување, и покрај незадоволството на возачите и почетокот на туристичката сезона.
За време на првомајските празници на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска беа забележани значително поголеми гужви од вообичаено, а главната причина за тоа е новиот систем за влез и излез од Европската Унија, познат како EES.
Овој систем подразбира дека сите граѓани кои ја преминуваат граничната линија излегуваат од автомобилот за да поминат низ безбедносна проверка. При пристигнување на граничниот премин на патниците им се снима лице, им се земаат отпечатоци од прсти како и податоци од пасошот.
Сето тоа дополнително го оптоварува системот на границите и предизвикува големи фрустрации меѓу возачите, па со право се поставува прашањето колку ваков систем е воопшто одржлив, особено во период на туристичка сезона.

Иако се појавија информации дека системот би можел привремено да биде суспендиран за време на туристичката сезона во одредени земји како Грција, од Министерството за внатрешни работи на Хрватска во одговор за Klix.ba се повикаа на изјавата на министерот Давор Божиновиќ кој рече дека досега ниту една држава не побарала изземање.