Бугарија влегува во завршна фаза од формирањето нова редовна влада, откако претседателката Илијана Јотова денеска му го врачи мандатот на „Прогресивна Бугарија“, партијата на поранешниот претседател Румен Радев.
Со тоа започнува уставната постапка за состав на кабинет во рамките на 52. Народно собрание.Мандатот, според бугарскиот Устав, се доделува на најголемата парламентарна сила, а тоа е токму „Прогресивна Бугарија“, која победи на предвремените парламентарни избори во април..Се очекува Радев да биде предложен за премиер, со што поранешниот шеф на државата практично се враќа во центарот на бугарската политика, овојпат како носител на извршната власт


