Големо невреме во Турција- Гром уби млад овчар, поплавени градови и затворени патишта

0
35

Силно невреме ја зафати Турција, каде обилните дождови, грмежите и снегот предизвикаа поплави, прекин на сообраќајот и затворање патишта во повеќе региони
Во невремето загина 27-годишен овчар, кој бил погоден од гром а се повредени и 29 лица.
Во Газиантеп е прекината наставата, откако во повеќе од 40 училишта се оштетени покриви и искршени прозорци. Поплави се регистрирани и во Бурса и Токат, додека во делови од Истанбул се пријавени паднати дрвја поради силниот ветер.
Во делови на земјата паднал и снег, што доведе до затворање на патиштата кон Анкара, Ушак и Сандикли за тешки товарни возила.