Словенија пред ново мнозинство

0
60

Словенија влезе во нова фаза на постизборно прегрупирање откако парламентот усвои измени на Законот за влада со кои идниот кабинет би имал 14 наместо досегашните 19 министерства. Гласањето веднаш се прочита како прв посериозен тест за ново парламентарно мнозинство околу десниот блок предводен од Јанез Јанша.
Измените беа усвоени со 49 гласа „за“ и четири „против“. Поддршка дадоа пратениците на Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша, Нова Словенија, Словенечката народна партија, „Фокус“, „Демократи“, „Ресница“ и пратениците на националните заедници.
Политичкиот ефект од гласањето веќе е видлив: партиите што ја поддржаа измената се оние од кои Јанша може да се обиде да состави владино мнозинство.